Испечати

Лосос во кисел путер сос (може и посно)

Лосос во кисел путер сос (може и посно)

Состојки

  • За подготовка на лососот
  • 2 парчиња лосос
  • по потреба сенаменско брашно
  • по вкус морска сол, црн мелен пипер
  • малку масло
  • За подготовка на сосот
  • 150 милилитри бело вино
  • 1 - 1,5 свежо цеден лимон
  • 125 грама путер
  • 3 чешниња лук
  • пола главица црвен кромид
  • пола китка магдонос
  • по вкус морска сол, црн мелен пипер

Подготовка

Брзо, здраво и вкусно јадење. Може да го направите и во посна варијанта доколку путерот го замените со маргарин.

Чекор 1
Измешајте ги брашното, солта и мелениот црн пипер. Извалкајте ги парчињата лосос. Во тавче ставете малку масло, загрејте го и на не многу висока температура пржете го лососот.

Чекор 2
Во меѓувреме многу ситно исецкајте ги лукот, кромидот и магдоносот. Во истото тавче каде го пржевте лососот ставете ги лукот, кромидот, виното и сокот од лимонот (количината на лимонот зависи од тоа колку би сакале сосот да е кисел). Нека проврие неколку минути додека се намали количината на течност речиси за половина. Намалете ја јачината на ринглата. Путерот извадете го пред да го корситите. Додадете го исецкан на коцки. Мешајте додека не се растопи. Додадете ги солта, мелениот црн пипер и магдоносот.

Чекор 3
На крај се полеваат парчињата лосос со сосот додека е топол.

Ручекот е одличен во комбинација со чаша бело вино.

Бон апети!