На почетокот, двете кори лиснато тесто ги расукуваме, само малце (јас секоја кора ја сечам на 12 парчиња)
На половината од парчињата ставаме од филот (види слика)
Другите 12 парчиња ги расекуваме со алатката за сечење мрежички. (слика)
Парчињата на кои има фил ги премачкуваме со јајце (по крајот, околу филот) и го ставаме одозгора парчето исечено како мрежичка.
По краевите пак го премачкуваме со јајце и му лепиме сечкани бадеми, лешници или ореви.
Одозгора пак ги премачкуваме со јајце.
Ги печиме на 200 Ц се додека добро не се заруменат.
За филот, јас ставив обарена исецкана коприва, 1 јајце и сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови