Лиснати корпи за салата
Ова е еден интересен и украсен начин за сервирање на салата, со кој ја имате и таа можност да ја изедите комплетно со се подлогата )))
Лиснатото тесто танко го расукуваме. Одбираме и намастуваме длабоки калапи или „чингени“ длабоки садови ако сакате помали или, ако сакате една поголема корпа одберете некој поголем и подлабок огноотпорен сад. Внатрешноста на садовите обложете ја со расуканото тесто. Краевите потсечете ги да бидат рамни или многу малку да висат од рабовите на садот (само добро зацврстете ги на рабовите) и чипкасто наберете ги. Избоцкајте со вилушка насекаде за да не се листа многу во печењето и печете во умерено загреана рерна некои 10 мин., односно, сами отценете кога се готови.
Испечените корпи оставете да оладат, па извадете ги од калапите (не бидите нестрпливи како мене) и потоа полнете ги со салата по ваш избор. На сликата има една салата таратур со кисела павлака и една овошна со манго, малини, рибизли, праски и грозје, „зачинета“ со мед, сок од лимон и чоколаден прелив.
* Уште една идеја за декоративни корпи
Можите да употребите готови кори. Еден лист готова кора премачкана со масло се преполовува и се „крои„ спрема калапот во кој ќе се печи. На краевите не заборавајте ситно да ја наберите за да има поубав изглед и добро испечете ја за да има цврстина кога ќе се спрема салатата во неа.
Декорирајте и уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
CecaLI, sekogas sum raspolozena za veselo drustvo, eve sega ke probam i od likerot na Klara iako neznam od sto e - ama ke pijam! Zgora na se... pa i ke go bendisam, a ne kako nea - ne ni bil ubav orizot vo solena varijanta.. kako li pa da ne? Moreeee, sto bidna rabotava sega?
ова е супер идеја и за помали да се прават, во калапчиња или слично, па да бидат порција за еден ;)