Во стаклено шише или тегла која е претходно сува се ставаат боровинките и се налеваат со ракијата. Така треба да одседат околу 3 недели на собна температура и не на сонце. За овој период шишето одвреме на време се протресува и се добива прекрасна боја. По три недели боровинките се цедат и во ракијата се додава шеќерот. Шишето убаво се протресува и се остава неколку часа да се стопи.
Боровинките имаат свој вкус и за да го задржат не се додава ништо. Исцедените боровинки се чуваат во кутија во фрижидер и по потреба може да се користат за колачи,торти....

Ова е основниот рецепт за ликер, а еве уште еден кој е малку побогат по состојки а посиромашен со вкусот на боровионките
Во стаклена тегла се ставаат боровинки претходно измиени и добро исцедени. Над нив се става 250 гр шеќер и 5 лажици мед, а потоа се дополнува со рум. Така стои 30дена во темна просторија, а потоа се цеди и се пие. Овој ликер заради присуството на мед и рум го губи автентичнит вкус на боровинки и јас почесто се решавам за првиот основен рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела