Класична, вкусна роденденска торта исполнета со шаренило, како и чоколаден крем, полн погодок за во летните денови.

За роденденот на ќеркичката приготвив толку едноставна, а толку вкусна што никој не остана рамнодушен на вкусот.
Искрено рецептов го најдов на интернет со неколку измени направивме фантазија од торта.

Приготвување

Прво ќе почнеме со корите.
Во поголем сад за матење ставете го омекнатиот путер и со помош на миксер мешајте додека стане кремаст.
Додајте го шеќерот и повторно мешајте додека не добиете убава структура.
Додавајте ги јајцата едно по едно, додајте го и екстрактот од ванила.
Во друг сад на страна измешајте го брашното, содата, пецивото и солта.

Додавајте од брашното во течната смеса прво околу 1/4 но мерката нека биде од око, и мешајте со шпатула, миксерот за корите не ни треба повеќе, додајте малу павлака, па пак брашно, се така додека ви се потрошат, што значи додавајте наизменично и мешајте.
Истурете ги шарените трошки и измешајте.
Смесата истурете ја во сад 22см можете одеднаш или дел по дел, јас ги печев трите кори посебно.
Печете 30-35мин на 180 или зависи од рерната.
Ии најубавиот дел, подготовка на кремот.

За крем

Во поголем сад изматете го крем сирењето и путерот, додајте ванила екстракт.
Пополека додавајте го шеќерот во прав.
На крај додајте го какаото.
Пред да почнете со декорирање и нанесување крем, корите нека ви бидат целосно изладени.
Нанесувањето на кремот е прво кора па крем, повторно кора па крем.
Можете да користите и органско какао.
Декорацијата на тортата е со Синиот фондан на Фантазиа, останатото е шлаг во боја, и цветови.
Декорацијата нека биде по ваш избор

Забелешка
Брашно користете по потреба, отприлика ќе ви требаат 500гр, а како ќе познаете дали ви фали уште брашно, за ваквите кори, кога мешате со шпатула, гледајте смесата целосно да се одлепува од садот, не верувам дека со оваа количина состојки ќе ви треба уште брашно, но ако мислите дека има потреба слободно додавајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови