Лесна торта
За кората се ставаат јајцата со шеќерот во сад за матење и се матат, а потоа им се додаваат другите состојки, убаво се меша со лажица и се сипе смесата во плех па се пече.
Одкако ќе се испече се премачкува со мармалад и тоа во подебел слој.
Фил
Во зовриеното млеко се додава шеќерот и пудинзите и се вари додека се згусне. Смесата се трга да се олади и потоа се додава плазмата искршена на поситни парчиња и локумот исто така исецкан на тенки лентички.
Филот се меша и се истура врз мармаладот, а одозгора се мати шлагот се премачкува врз филот.
За најгоре јас искористив желе од малини и на крај го расчешлав.
Едноставна освежителна тортичка без маргарин, лесна што би рекол мојот брат торта на лажица.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
zeleto go imam vo zavisnost od ovosjeto sto go koristam za sok
Има многу наши членови кои не се толку искусни готвачи, па им требаат овие информации.
Те молиме и во идните рецепти не заборавај на ова. Ти благодариме.