Лек за грло со ѓумбир и мед
Откако го пронајдов овој рецепт, постојано се користи во нашето семејство затоа што сите ние ги почувствуваме благодетите од него.
За лековитите својства на медот и ѓумбирот може многу да се зборува, затоа што тие својства делуваат на целокупниот организам, ама јас ќе бидам кратка во излагањето.
Комбинацијата на мед со ѓумбир делува мошне ефикасно, обезбедувајќи инстантно намалување на симптомите на кашлицата, настинките проследени со кашлица и воопшто на сите видови настинки, исто така при болки во грлото и течење на носот, како и при стомачни заболувања и главоболки.
Подготовка
Двата лимона ги сечеме на тенки кришки, ѓумбирот го сечеме на тенки листови, а може да се стави и во сечко. Ги ставаме во тегла, ред лимон, ред ѓумбир и ги залеваме со мед. Теглата ја затвораме и ја ставаме во фрижидер. Јас во текот на денот барем до два пати знам да ја превртам теглата, за да медот се размеша со состојките и се убаво да се раствори. По два дена лекот е спремен за пиење.
Препорачливо е да се пие по една лажица наутро или пак да се стави во зовриена вода и да се пие како чај.
Ви го препорачувам затоа што е едноставен за правење, а поволно делува врз организмот.
Лиценца: Сите права се задржани
Значи, ѓумбирот има анти бактериски, антигабични, антивоспалителни и антихистаминични својства...има и МНОГУ други својства кои поволно делуваат на организмот. Во овој лек, коренот го ставаме во лимон и мед, значи тие ги извлекуваат есенцијалните масла кои тој ги содржи и ја конзумираме течноста односно желето кое се создава од комбинацијата на трите составни елементи( иако јас знам и тие да ги грицнам). А кој сака да дознае повеќе за него, ќе си прочита...впрочем и Моирецепти имаат објаснето што е ѓумбир и како се користи.
Јас имав лани направено само со мед и ѓумбир, но може да пробам и вака.
Ние сме многу луѓе дома, па ни се троши за брзо време.
И арно ме потсети, ќе си го направам деновиве:)