24
авг
2012
Витаминска салата со ѓумбир
Ситно се сецка зељето. Краставиците се сецкаат на четвртинки, а цвеклото, морковот, пашканатот и целерот се рендаат. Од пашканатот и целерот се става во многу мала количина. Се додава и сецканиот магдонос и лененото семе. Се става пола лажичка ѓумбир во прав (може и свеж рендан ѓумбир), балсамиран оцет и сол по вкус и желба. Сето тоа се меша и се остава да одстои 15тина минути во фрижидер за да се впијат вкусовите!
*Сето ова може да се стави и во блендер и да се јаде како густ свеж напиток!
Лиценца: Сите права се задржани