Овој рецепт настана по инспирација на Грузиското лебче на Тетка биберче.
Значи од едноставните состојки кои ги искористив излегоа овие доста вкусни лебчиња.

Во подлабок сад ставете го брашното. Направете вдлабнатина во средината и додајте го маргаринот(претходно растопен), квасецот, солта и шеќерот.
Со млака вода замесете средно меко тесто.
Добиеното тесто расплескајте го малку со раце и ставете го младиот кромид кој претходно е сосема кратко пропржен со сосема малку масло и вода. Додајте го и издробеното сирење и сето заедно убаво замесете го.
Тестото поделете го на 4-5 топчиња и од секое од нив на набрашнета површина со раце развлечете средно дебела кора.
Оставете ги да отстојат 20 минути, а потоа пржете ги во тава со не многу масло, по 5 минути на двете страни.

Послужете ги со сирење, домати, јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани