Како за почеток решив дружењето на Мои Рецепти да го почнам со овој рецепт, често го правам и навистина е посебен и освежителен.

Бисквит

Се замесува тесто од сите состојки, да не се лепи за рацете. Потоа се развлекува кора колку што е тепсијата, јас ја правев во тепсија број 30 и со помош на сукалото се пренесува кората во тепсијата. Малку се притиска со рацете и се остава настрана.

Фил 1

Се вари млекото со пудинзите и шеќерот и се остава убаво да се излади. Потоа се мати малку со миксер, па се додаваат киселите павлаки и пак убаво се мати. Овој фил се тура врз кората и се заедно се пече околу 40 минути на 180 степени.

Фил 2

Се мати шлаг кремот и откако ќе се излади печената торта се става и шлагот.

Црвен прелив од вишни

Се раствора желатинот во 100 мл вода и се тура во тенџере да се вари, без да зоврие заедно со вишните и шеќерот. Потоа се трга од оган и оставаме да се излади убаво. Откако ќе почне да се згуснува се тура врз шлагот и убаво се распоредуваат вишните. На крај лажниот чизкејк се става во замрзнувач неколку часа, па потоа се сервира.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови