
9
ное
2022
Критараки тава со мелено месо и спанаќ
Подготовка
1. Се сечка кромидот ситно и се пржи со ренданиот морков и сечканата пиперка.
2. Кога ќе запржат се додава меленото месо и се пржи додека испари водата од него. Се додава спанаќот и се пржи додека омекни.
3. Се додава доматниот сос и се пржи додека згусти и се соедини со се во тавата.
4. Се додава водата и зачините и откако ќе зоврие се става критараки тестенината. Се вари 10 минути на средна јачина на ринглата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови