23
мар
2021
Критараки салата
1. Во посолена вода ги вариме тестенините. Исцедете ги и префрлете ги во стаклен сад.
2. Сирењето исецкајте го на коцки. Додајте ги маслинките и исецканите црвени пиперки и кромитчиња. Помешајте се заедно. Додајте запржени борови семки .
3. За дресинг ги помешуваме течните состојки.Сенфот го мешаме убаво со лимон, оцет и зачини. Лукчето испасирајте го и додајте го во лимонот. Промешајте се и сервирајте.
Јас намалив на оцет, зашто доволно ми бесе киселко од сокот од лимон. Салатата е одличен оброк, заменува една вечера. Ви предлагам чаша узо со прекрасната салата..
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubav Predlog Nade i kaj tebe