Критараки салата
Состојки
- Дресинг
- 1 лажиче сенф
- 2 лажици оцет
- 1чешне лук
- 1 лажиче оригано
- 1 лажиче мелен ким
- 1/2 лажиче соли црн бибер
- За салата
- 500 гр тестенини во вид на ориз
- 100 мл маслиново масло
- 200 гр фета сирење
- 200гр каламата маслинки
- 3 млади кромитчиња
- 3 мали црвени пиперки
- 1 лимон
- 3лажички семки од бор
Подготовка
1. Во посолена вода ги вариме тестенините. Исцедете ги и префрлете ги во стаклен сад.
2. Сирењето исецкајте го на коцки. Додајте ги маслинките и исецканите црвени пиперки и кромитчиња. Помешајте се заедно. Додајте запржени борови семки .
3. За дресинг ги помешуваме течните состојки.Сенфот го мешаме убаво со лимон, оцет и зачини. Лукчето испасирајте го и додајте го во лимонот. Промешајте се и сервирајте.
Јас намалив на оцет, зашто доволно ми бесе киселко од сокот од лимон. Салатата е одличен оброк, заменува една вечера. Ви предлагам чаша узо со прекрасната салата..
Нека ви е слатко.