Манџа со спанаќ, мелено месо и ориз
Во тава со маслиново масло ставете го меленото месо да се издинста, испржи. Зачинете го со мешан сув зачин, бибер, оригано и малку сол. Потоа додадете го оризот и пржете уште некоја минутка. Додадете го брашното, измешајте, па додадете ја и црвената пипер. Додадете 1-2 чаши вода, па кога ќе зоврие, додадете ја и коцката за супа. Промешајте додека се растопи и содржината префрлете ја во тенџере во кое предходно малку сте го обариле спанаќот. Варете окоу 30 мин, односно додека не се свари оризот.
Во оваа манџа, брашното и пиперта не се обавезни, но ние ја сакаме густа и секако освен со тие додатоци регулирам и со водата, така да при крај потребно е и повремено, начесто да се промешува. Секако, дека по правило тие можат да се додадат и на крај од варењето. Јас само сакав да ви го прикажам мојот начин.
Одлична е кога се јади соло, но како и посната верзија убава е и со кисела павлака, јогурт или кисело млеко.
Лиценца: Сите права се задржани