Крем торта со пудинг
Подготовка на филот.
Пола и повеќе од млекото заедно со шеќерот го ставаме да зоврие. Во другиот дел го раствараме пудингот и додавам во млекото вариме густ крем. Кремот го оставаме да се олади.
Маргаринот го соединуваме со шеќерот во прав и постепено го додаваме изладениот пудинг. Во овој крем ја додаваме изматената слатка павлака, матиме да се соедини кремот. Кремот го делиме на два дела. Во едниот додаваме еурокремот, а во другиот крупно рендана чоколада.
На послужовник или првоаглеста тава редиме 200 гр бисквити кои претходно малку сте ги натопиле малку во млеко. Одозгора ставаме од филот со чоколадо, еден ред бисквити, филот со еуро крем, повторуваме така наизменично уште еднаш. Одозгора ја распоредуваме зматената слатка павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови