Белките одделте ги од жолчките. Белките изматете ги со прстофат сол. Матете додека добиете мек снег. Додајте ги жолчките, шеќерот и врелата. Матете додека сместа почне да станува пенеста и по малку побелува. Додајте го просеаното брашно со пецивото. Измешајте со лопатка да нема грутчиња.
Смесата ставете ја во плех 30х30 см обложен со хартија за печење. Израмнете и ставете да се пече во загрена рерна на 200 степени додека добие светло кафенеста боја. Извадете го и уште топло завиткајте го во ролат. Оставете да се излади.
Одвиткајте го и пресечете го на 4 еднакви делови. Намачкајте го првиот дел со 1/2 од филот. Завиткајте ролат и ставете го во средината на тркалезна чинија. Намачкајте ги и другите траки. Со секоја следна трака обложувајте ја тортата како круг.премачкајте ја со шлаг. Оставете ја во фрижидер околу 1 час да се стегне . Сечете парчиња со ноже кое ќе го ставате во чаша со млака вода.

ФИЛ
Одделете 150 мл. од млекото растворете го со пудингот и шеќерот, другото ставете го да се загрее. Во загреаното млекото кое почнало да се поткрева ставете го разматениот пудинг. Постојано мешајте додека згусти. Ако ставате маргарин, стевете го сега кога е уште топол, измешајте да се стопи. Оставете го во фрижидер да се излади околу 45 мин.Извадете го и измиксајте го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови