Кремасти лимони тортички
Најпрво подгответе го филот
Во сад ставете ги јајцата, половина од шеќерот, ванилата, нишестето, кората и сокот од лимон и малку млеко. Изматете ги да се изедначи смесата.
Останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Потоа додајте ја смесата и со постојано мешање варете да се згусти како пудинг. Тргнете го на страна, покријте го и оставете го да олади.
На крај изматете го путерот и пудингот во изедначена крема.
Подготовка на пандишпанот
Матете ги јајцата со шеќерот и ванилата долго, да се добие кремаста светла смеса. Додајте го маслото, сокот и кората од лимон и повторно изматите.
Додајте го брашното, нишестето и пецивото и убаво измешајте со жица.
Смесата турете ја во голем плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 мин,кората да добие кремаста боја.
Пандишпанот оставете го да олади и исечете го вертикално на половина.
Едната половина попрскајте ја со малку млеко, нанесете пола од кремата израмнете ја и ставете ја другата половина од пандишпан. Попрскајте ја со малку млеко. Одозгора премачкајте ја со останатата крема и изрендајте чоколадо како декорација.
Тортата ставете ја неколку сати во фрижидер да се стегни, потоа сечите коцки и послужете ги.
Лиценца: Сите права се задржани
Малку ме збуни во спремањето - густинот се згуснуваше на парчиња, и подолго време, јас очекував дека наеднаш ќе се згусне но сепак на крај испадна одлично, за што потврдувам со слика :)
Fala ti mnoguuu, pozzz:)