Испечати

Кремасти лимони тортички

Кремасти лимони тортички

Состојки

  • Пандишпан
  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилен шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици сок од исцеден лимон
  • 110 гр брашно
  • 20 гр нишесте
  • изрендана кора од еден лимон
  • 1 лажиче прашак за пециво
  • Фил
  • 500 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилен шеќер
  • 2 јајца
  • 80 гр нишесте
  • исцедн сок од 1/2 лимон
  • изрендана кора од 1 лимон
  • 150 гр путер на собна температура
  • малку млеко за прскање на пандишпанот
  • 2 реда чоколада за декорација

Подготовка

Најпрво подгответе го филот
Во сад ставете ги јајцата, половина од шеќерот, ванилата, нишестето, кората и сокот од лимон и малку млеко. Изматете ги да се изедначи смесата.
Останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Потоа додајте ја смесата и со постојано мешање варете да се згусти како пудинг. Тргнете го на страна, покријте го и оставете го да олади.
На крај изматете го путерот и пудингот во изедначена крема.
Подготовка на пандишпанот
Матете ги јајцата со шеќерот и ванилата долго, да се добие кремаста светла смеса. Додајте го маслото, сокот и кората од лимон и повторно изматите.
Додајте го брашното, нишестето и пецивото и убаво измешајте со жица.
Смесата турете ја во голем плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 мин,кората да добие кремаста боја.
Пандишпанот оставете го да олади и исечете го вертикално на половина.
Едната половина попрскајте ја со малку млеко, нанесете пола од кремата израмнете ја и ставете ја другата половина од пандишпан. Попрскајте ја со малку млеко. Одозгора премачкајте ја со останатата крема и изрендајте чоколадо како декорација.
Тортата ставете ја неколку сати во фрижидер да се стегни, потоа сечите коцки и послужете ги.