8
дек
2014
Кашест сок од грозје, дуњи и лимони
1. Дуњите се чистат од семките
2. Зрната грозје се ставаат во садот со дуњите
3. Лимоните се ставаат цели заедно со лушпата
4. Овошјето се обарува со малку вода (колку да се прелие овошјето)
5. Откако ќе омекне, се блендира и се цеди во цедилка ситна
6. Изблендираното овошје, исцедено се става во лонец и се додава водата па се остава да зоврие
7. Веднаш по зовривањето се собира во топли шишиња и се затвараат шишињата веднаш со капачиња
Лиценца: Сите права се задржани