Кремаст колач со желе бонбони
Кремасти колач со прекрасен вкус и колорит.
Пандишпан
Јајцата се матат со шеќерот додека убаво да запенат. Постепено се додава зејтинот и млекото. Брашното се меша со пецивото и какаото и полека се додава кон јајцата. Се меша внимателно и се додава изренданата чоколада па смесата се истура во поголем плех на хартија и се пече.
Фил
Во зовриеното млеко се додава шеќерот и разматениот пудинг па се вари густ крем и се остава да се олади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот пудинг. Смесата се мати додека не стане кремаста и на крај се додаваат сувото грозје и исецканите желе бонбони.
Пандишпанот се филува со кремот и одозгора оди декорација по свој вкус, може шлаг крем или чоколада за готвење.
Лиценца: Сите права се задржани