Кремаста чили паста
Тестенините се мој фаворит, кога стаува збор за порција изедена со сласт, еве еден од начините на кој ја подготвувам и уживам, секако резервирано за љубители на пикантниот вкус на храна.
Пилешкото (без разлика дали се тоа копани или стек) се става во посолена вода да се подвари некои 15 мин. потоа се пренесува во блендер и се миксира. Во погоден, подлабок сад се става маслото да се подгрее, а на него се пропржуваат ситно сечкан кромидот, лукот, месото изблендирано, се додаваат зачините чили и тимијан, се излева салцата од домати и шеќерот, да пропржи некоја минутка.
Од предвидената вода се налеваат 2 чаши и се става поклопец над садот, на тивко да се крчка.
Кога испари скоро повеќе од половина вода се промешува и се додаваат макароните - неварени, се налева уште чаша од зачинетата вода со коцка, повторно поклопец се става врз садот за крај и четвртата чаша вода, се вари некои 5 мин, тестенините ќе останат ал денте непреварени се добива еден кашест сос кој се обогатува со 200гр. од предвидената количина полномасен кашкавал, се меша да се истопи, се исклучва оганот и кога потполно е истопен кашкавалот додаваме уште 100гр. рендан и сечкан магдонос, па се поклопува и се служи топло кога ќе се истопи добро цел кашкавал. Идеално измислен сад за подготовка на оваа паста е Гурметот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови