Подготовка:

1. Во зовриена вода додаваме сол, зрна грашок и тестенина, да се варат околу 7,8 минути. Ги процедуваме и оставаме да се изладат состојките.
2. Во мала тава ставаме малку масло и го запржуваме пилешкиот стек, исецкан на мали коцки и мариниран со зачини.
3. Од како е испржен во еден сад ги соединуваме стекот, процедените макарони и грашокот. Тука додаваме песто од босилек и соединуваме со лажица.
4. Во истиот сад, каде пржевме, ставаме масло и путер да се загреат. Додаваме брашно и запржуваме кратко. Додаваме млеко и мешаме со жица. Додаваме и јогурт за постигнување на саканата густина.
Додаваме сол, бибер, зачин, морско оревче. Крчкаме на тивко некоја минута. Додаваме и моцарела, за да се растопи.
5. Сега ги спојуваме сите состојки заедно. Сервираме и послужуваме топло.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани