Испечати

Кремаста, пилешка песто паста

Кремаста, пилешка песто паста

Состојки

  • 250гр најситна тестенина
  • Вода и сол
  • 1,2 лажици млад грашок
  • 200гр пилешко месо, стек
  • Сол, бибер, зачин, масло
  • Бешамел сос
  • 1лажица масло
  • 1лажица путер
  • 1лажица брашно
  • 100 мл млеко
  • 100-130 мл јогурт
  • 5,6 листови моцарела или пармезан, може да се користи
  • 1лажица песто од босилек, или повеќе, по вкус
  • Сол, бибер, зачин, морско оревче

Подготовка

Подготовка:

1. Во зовриена вода додаваме сол, зрна грашок и тестенина, да се варат околу 7,8 минути. Ги процедуваме и оставаме да се изладат состојките.
2. Во мала тава ставаме малку масло и го запржуваме пилешкиот стек, исецкан на мали коцки и мариниран со зачини.
3. Од како е испржен во еден сад ги соединуваме стекот, процедените макарони и грашокот. Тука додаваме песто од босилек и соединуваме со лажица.
4. Во истиот сад, каде пржевме, ставаме масло и путер да се загреат. Додаваме брашно и запржуваме кратко. Додаваме млеко и мешаме со жица. Додаваме и јогурт за постигнување на саканата густина.
Додаваме сол, бибер, зачин, морско оревче. Крчкаме на тивко некоја минута. Додаваме и моцарела, за да се растопи.
5. Сега ги спојуваме сите состојки заедно. Сервираме и послужуваме топло.
На здравје