Органски шпагети од крупник во кремаст вегански сос од индиски ореви, комбинирани со вкусни траки од тиквички и динстана леблебија – оваа кремаста паста е вистинско уживање за сечиј вкус.

Подготовка

Чекор 1: Индиските ореви потопете ги во голема количина вода и оставете ги околу 2 часа.

Чекор 2: Излупете ги слатките компири, исечкајте ги на мали парченца и во зовриена вода оставете околу 20 минути да се сварат.

Чекор 3: Лукот и кромидот исечкајте ги на ситни парченца. Ставете ги во тава со масло за пржење и малку издинстајте ги.

Чекор 4: Потопените индиски ореви, компирите и кромидот и лукот ставете ги во блендер заедно со кремот за готвење од овес, 1 пиперка и блендирајте околу 3 минути додека не добиете кремаста текстура. На крај, сосот додадете го во тава и гответе на среден оган со постојано мешање околу 3 минути.

Чекор 5: Шпагетите од крупник ставете ги 6-7 минути во зовриена и солена вода и одвреме навреме промешувајте ги. Потоа ставете ги во сосот. По желба можете сосот да го разредите со водата од шпагетите.

Чекор 6: Издинстајте ја леблебијата во тава со малку масло за пржење. Зачинете со пиперчињата и со малку црн бибер.

Чекор 7:Исечкајте ги доматите на ситни ленти.

Чекор 8: Ставете ја пастата во длабока чинија. Сушените домати и динстаната леблебија распоредете ја убаво на пастата, а по желба можете да дозачините и со босилок.