Кремаста веган паста
Состојки
- 75 гр DmBio индиски ореви
- 300 гр сладок компир
- ½ кромид
- 1 чешне лук
- 200 мл крем за готвење од овес
- малку црвен пипер
- 350 гр DmBio шпагети од крупник
- малку сол
- 1 тиквичка
- 100 гр DmBio леблебија
- малку DmBio масло за пржење
- малку DmBio црн бибер
- 50 гр сушени домати
Органски шпагети од крупник во кремаст вегански сос од индиски ореви, комбинирани со вкусни траки од тиквички и динстана леблебија – оваа кремаста паста е вистинско уживање за сечиј вкус.
Подготовка
Чекор 1: Индиските ореви потопете ги во голема количина вода и оставете ги околу 2 часа.
Чекор 2: Излупете ги слатките компири, исечкајте ги на мали парченца и во зовриена вода оставете околу 20 минути да се сварат.
Чекор 3: Лукот и кромидот исечкајте ги на ситни парченца. Ставете ги во тава со масло за пржење и малку издинстајте ги.
Чекор 4: Потопените индиски ореви, компирите и кромидот и лукот ставете ги во блендер заедно со кремот за готвење од овес, 1 пиперка и блендирајте околу 3 минути додека не добиете кремаста текстура. На крај, сосот додадете го во тава и гответе на среден оган со постојано мешање околу 3 минути.
Чекор 5: Шпагетите од крупник ставете ги 6-7 минути во зовриена и солена вода и одвреме навреме промешувајте ги. Потоа ставете ги во сосот. По желба можете сосот да го разредите со водата од шпагетите.
Чекор 6: Издинстајте ја леблебијата во тава со малку масло за пржење. Зачинете со пиперчињата и со малку црн бибер.
Чекор 7:Исечкајте ги доматите на ситни ленти.
Чекор 8: Ставете ја пастата во длабока чинија. Сушените домати и динстаната леблебија распоредете ја убаво на пастата, а по желба можете да дозачините и со босилок.