Подготовка.

Тестото замесете го од наведените состојки и ставете го во ладилник.

Јаболките изрендајте ги нелупени додадете го шеќерот и динстајте ги додека малку да омекнат и да испари течноста.

Мал дел од млекото оставете во остатокот додадете го шеќерот и ставете да зоврие во другиот дел растворете го пудингот и густинот сипете во зовриеното млеко и варете густ крем оставете 5 минути да олади па додадете го маргаринот и јајцето изматете со миксер.

Извадете го тестото од ладилник и поделете го на два дела тавчето премачкајте го благо со маргарин или масло расукајте ја едната кора со големина на тавчето па ставете го филот од јаболко израмнете па наредете ги бисквитите.
Па додадете го ванила филот, расукајте ја и другата кора и наместете ја врз ванила филот. Печете во загреена рерна на 180 околу 25 минути. Оставете убаво да излади, па потоа исечете на парчиња и по желба посолете со прав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови