Крамбл е јадење од британската кујна, може да се прави во блага и во солена варијанта, дозволува варијации. Карактеристичен е неговиот горен слој кој е ронлив.

Во огноотпорен сад се ставаат претходно измиени и исчистени сливи кои се посипуваат со ванила и цимет, обро се мешаат и се ставаат подредени една до друга наредени во рерна некои 15-20 мин. на 180 да се подомекнат.
За тоа време го спремаме крамбл слојот, кој треба да ни е сув и ронлив. Од сите наведени состојки за крамбл се образува тесто и се остава во фрижидер додека не се готови сливите. Над омекнатите сливи го изронуваме тестото - кое е не рамномерно и печиме во рерна уште 30 мин.

Готовиот крамбл се служи како топол така и ладен со шлаг или некоја друга млечна варијанта. Покрај сливи често употребувано овошје се и јаболката, па затоа ќе го предложам како лесен и вкусен есенски десерт кој, дозволува многу варијации кои се однесуваат на шеќерот, јаткастите плодови и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови