Многу едноставен десерт, со малку состојки и многу вкусен исход, кој се прави многу брзо. Не е типичен рецепт за крамбл, но една модифицирана верзија на него. Секако, освен со црешни, можи да си го направите и со друго овошје по желба.

Со жица за матење изматете ги јајцата, па додадете го шеќерот и матете додека шеќерот се растопи. Додадете го кокосот и измешајте убаво.
Чоколадото исецкајте го на ситни коцкички и додадете го во смесата.
На крај, внимателно измешајте ги и обескостените цреши и смесата натапкајте ја во намастено или обложено тавче со пек-хартија. Димензијата на тавчето можи да варира во зависност од тоа колкава дебелина сакате да добиете. Јас го правев тенко. За репер земете 28 или 30.

Печете на 180С 30 минути или помалку (20) ако е потенко распоредено. Одозгора треба да отемни и краевите да добијат кафејавкаста боја. Самиот пријатен мирис од рерната кога ќе се расири ќе ве потсети дека е готово.

Јадете го така, без ништо или пак сервирајте го со прелив од желе од цреши и слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани