Сварете ги компирите и потоа убаво испасирајте ги. Оставете 5-10 минути да подоладат, па додадете ги жолчките, омекнатиот путер, солта и зачините. Спрема вкусот, проверете за сол и јачина на зачините.
Ставете ја смесата во шприц за шлаг и со спирални кружни движења правете „пуслици“ на намастен плех.
Премачкајте ги со смесата од жолчка и павлака и печете го во рерна 20на мин., односно додека рабовите не добијат златно кафеава боја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани