Испечати

Кралски компири-компир пуслици

Кралски компири-компир пуслици

Состојки

  • 6 поголеми компири
  • 5 жолчки
  • 50 гр путер или маргарин
  • 100 мл неутрална павлака
  • 2 лажички сол, црн бибер, мускатно оревче
  • * за премачкување
  • 1 жолчка
  • 30 мл неутрална павлака

Подготовка

Сварете ги компирите и потоа убаво испасирајте ги. Оставете 5-10 минути да подоладат, па додадете ги жолчките, омекнатиот путер, солта и зачините. Спрема вкусот, проверете за сол и јачина на зачините.
Ставете ја смесата во шприц за шлаг и со спирални кружни движења правете „пуслици“ на намастен плех.
Премачкајте ги со смесата од жолчка и павлака и печете го во рерна 20на мин., односно додека рабовите не добијат златно кафеава боја.