18
сеп
2012
Кралски компири-компир пуслици
Сварете ги компирите и потоа убаво испасирајте ги. Оставете 5-10 минути да подоладат, па додадете ги жолчките, омекнатиот путер, солта и зачините. Спрема вкусот, проверете за сол и јачина на зачините.
Ставете ја смесата во шприц за шлаг и со спирални кружни движења правете „пуслици“ на намастен плех.
Премачкајте ги со смесата од жолчка и павлака и печете го во рерна 20на мин., односно додека рабовите не добијат златно кафеава боја.
Лиценца: Сите права се задржани
За побрзо и полесно јас сум секогаш за ;) под услов да е вкусно :)))
Да знаеш само колку од тука ми се на листа за правење и кој знае кога ќе им дојди редот;) има време...ама кое побрзо кое покасно:))) Тие твоите Чак-чак Лудо што ги вика Пак пак :) до сега 5 пати ги имам намерено и се нешто испаѓа, најчесто пржењето од некои причини не смее... а уште кога ги изваде си реков дека мора одма овие да се пробаат...верувај, ќе почнам да ги сонувам :))) Ама прва прилика кога никој нема да е дома а јас не треба да излегувам тој ден надвор (НАЈНАСКОРО) мора да се пробаат. И давај рецепти ти и така се можи и пробање се можи хехе...јас сум кампањар, кога ќе почнам со испробување, по неколку наеднаш пробам и после пак кога ќе му дојди денот ;)
башка некако не видов што со павлаката освен премачкување :)
маст сеј вери најс индид! :)
пробав со шприц, не ми одеше, Оште сум трапава, па ги нашлакав во силиконски калапчиња со лажица. желудников ионака не бира по изглед :) :) :) :)
ги зачинив со едно магично нешто се вика ПРОВАЛОНСКА МЕШАВИНА, се продава по големиве маркети во вид на мелица (од оние малите на котани). уште мириса куќава на тие убавини, а вчера ги правев :)
-добро бе, оваа го храни тоа сирото дете со нешто или готви само за да слика :) :) :) :)