
5
дек
2012
Корпици со суви кајсии и локум
Чоколадниот кекс се меле и се замесува со растопеното чоколадо и маргаринот. Портокалот се цеди и во него се ставаат боровинките да одстојат еден до два часа. Се мешаат боровинките со кексот и се замесува смеса која се моделира во калапи за корпици.
Корпиците се полнат со исецканиот локум и сецканите суви кајсии. Одозгора се преливаат со чоко глазура и се декорираат по желба.
Навидум има доста вкусови, но сите се совпаѓаат и се добиваат одлични корпици со суво овошје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Даниела супер е ова чудо.Посебно ми се допаѓа што е со суви кајсии,тие имаат прекрасен вкус