Еве уште една верзија на кордон блу од мојата кујна. Вкусно, не бара многу време, а сите состојки на свој начин даваат придонес кон комплетноста на овој ручек.

Подготовка
1. Свинското каре го сечкаме на тенки парчиња, треба од оваа тежина да исечкаме 12 парчиња.
2. Блитвата ја бланшираме.
3. Печурките ги сечкаме на тенки парчиња, листови, а пршутата треба исто така да ни е исечкана на многу тенки листови.
4. Го чукаме месото односно формираме тенки парчиња.
5. Помеѓу две парчиња од месо ставаме парче моцарела, 2-3 листа печурки, лист блитва и 2-3 листа пршута.
6. Ги спојуваме убаво парчињата месо и секое новоформирано парче го валкаме прво во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки во кои ни е измешан црвениот пипер.
7. Пржиме на масло во загреано тавче на средна температура.

За потребите на едно многу популарно списание во нашата земја, а чија гостинка бев летово, покрај интервјуто, требаше да се објават и неколку мои нови рецепти. За главно јадење го обмислив овој ручек, па еве дојде ред да го споделам и со вас.

п.с. Новинарите беа кај нас дома гости, нормално, да ги пробаат и фотографираат рецептите .=)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани