Кордон блу
Свинското каре го сечеме на тенки парчиња. Јас правев седум плескавици, па ми требаа 14 парчиња од карето. Секое парче нежно го чукаме со мазната страна на ,,чукалото,, само колку да се зголеми површината на месото, а да не се направат расцепи. Месото го посолуваме со сол и сув зачин. Помеѓу две парчиња ставаме парче печеница и парче кашкавал. Ги спојуваме со рака (со мал притисок) и така се спремни за пржење. Прво ги валкаме во брашно, па во изматените јајца и на крај во презлата во која сме измешале црвен пипер. Ги пржиме во путер и маслиново масло.Откако ќе се испржат, ги редиме во тава.
Го правиме бешамелот.
Путерот го ставаме да се стопи. Кога ќе се загрее додаваме 2 лажици брашно, промешуваме со рачна маталка. Кога ќе го почувствуваме пријатниот мирис (а тоа е после дваесетина секунди) го додаваме жешко, млекото, за да не се направат грутчиња. Мешаме да згусне, па ги додаваме зачините и на крај жолчките. Ги прелеваме плескавиците со бешамелот и врз него рендаме од останатиот кашкавал.
Се пече на 200 степени, околу дваесет минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Definitivno moe omileno, samo i jas go spremam so pilesko