Компир супа со шунка
Можеби на сликите ќе ви делува неугледно, ама навистина е многу вкусна супа и ова е еден од рецептите кои многу често ги правам во зима. Може и наместо шунка да ставите преостанато печено месо, сеедно пилешко, телешко или свинско, и така е многу вкусна.
Компирите, целерот, кромидот и шунката ставете ги во поголемо тенџере, додајте ја водата и коцката за супа и ставете да зоврие. Варете на средна температура дваесетина минути, додека зеленчукот не омекни.
Во едно мало тенџерче растопете го путерот, додајте го брашното и направете светла запршка како за Бешамел сос. Непрестано мешајки со жица додавајте го млекото, па верете на ниска температура 5 минути.
Додајте ја запршката во тенџерето со зеленчукот, промешајте и оставете да зоврие. Додајте ја мајчината душица и дотерајте го вкусот.
Послужете жешко, иако е добра и претоплена. Можи одозгора да се стават и крутони, повеке бибер или ситно исецкан магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани
Bas me izraduva :))))))
Fala ti mnogu! :)))
Инаку, кога сме кај испробаните рецепти, сум се приметила дека ептен сум се намерила на твоите во последно времме, а и јас како Лудо мислев дека нема да успеам ниту еден твој да опробам :))) И, кога сме кај Лудо ... и јас ги спремив кексите пред малку :))) Наидов на едно проблемче, ама финално излегоја нормални ;) Сликани се жешки и сега се мислам да ги сликам и ладни ако останат :))) па да се испрезентирам таму :)