Компир супа со шунка
Состојки
- 550 гр компири, излупени и исечени на мали коцки
- 40 гр ситно исецкан целер
- 50 гр ситно исецкан кромид
- 100 гр на коцки исецкана шунка
- 750 мл вода
- 1 коцка за пилешка супа
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
- 70 гр путер
- 40 гр брашно
- 500 мл млеко
- 1/2 лажичка мајчина душица
Подготовка
Можеби на сликите ќе ви делува неугледно, ама навистина е многу вкусна супа и ова е еден од рецептите кои многу често ги правам во зима. Може и наместо шунка да ставите преостанато печено месо, сеедно пилешко, телешко или свинско, и така е многу вкусна.
Компирите, целерот, кромидот и шунката ставете ги во поголемо тенџере, додајте ја водата и коцката за супа и ставете да зоврие. Варете на средна температура дваесетина минути, додека зеленчукот не омекни.
Во едно мало тенџерче растопете го путерот, додајте го брашното и направете светла запршка како за Бешамел сос. Непрестано мешајки со жица додавајте го млекото, па верете на ниска температура 5 минути.
Додајте ја запршката во тенџерето со зеленчукот, промешајте и оставете да зоврие. Додајте ја мајчината душица и дотерајте го вкусот.
Послужете жешко, иако е добра и претоплена. Можи одозгора да се стават и крутони, повеке бибер или ситно исецкан магдонос.