Компирите сварете ги и исечете ги на покрупни парчиња.
Додајте ги сецканите варени јајца и сецканиот кромид.
Ракчињата свалкајте ги во брашно и сосема кратко запржете ги на загреано масло. Исцедете ги од вишокот мрснотија и ставете ги во садот со останатите состојки. Додајте го магдоносот и зачинете со малку сол, црн бибер. Додајте масло, малку оцет, убаво измешајте и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани