Испечати

Компир салата со ракчиња

Компир салата со ракчиња

Состојки

  • 500гр. компири
  • 1 главица кромид
  • 3 варени јајца
  • 250гр. ракчиња
  • 1,5 лажици магдонос
  • 3 лажици брашно
  • по потреба маслиново масло, сол, црн бибер, јаболков оцет

Подготовка

Компирите сварете ги и исечете ги на покрупни парчиња.
Додајте ги сецканите варени јајца и сецканиот кромид.
Ракчињата свалкајте ги во брашно и сосема кратко запржете ги на загреано масло. Исцедете ги од вишокот мрснотија и ставете ги во садот со останатите состојки. Додајте го магдоносот и зачинете со малку сол, црн бибер. Додајте масло, малку оцет, убаво измешајте и послужете.