Одберете компири со правилна форма и слични по големина.
Исечете ги најтанко што можете на ливчиња.
Ставете ги ливчињата во доста солена вода, да постојат некое време, да омекнат.
Сега почнете со формирањето.
земете едно ливче и завиткајте го. Потоа со друго, од спротивната страна. (видете во сликите) Со третот ливче формирајте го цветчето и прицврстете го со чепкалки. Слободно користете ги чепкалките, затоа што на крајот се вадат и фрлаат. Потоа ливчињата превиткајте ги наназад и ќе се добие финалната форма. Пржете ги во врело масло од сите страни, да поруменат. На крајот извадете ги чепкалките.
Одлични се и за јадење, но и за декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови