Подготовка
Маста ја матиме заедно со шеќерот. Во садот ја додаваме павлаката и јајцата повторно матиме. Во брашното го додаваме прашокот за пециво и содата и постепено додавајки замесуваме средно меко тесто. Тестото го оставаме два часа во фрижидер.

Од тестото расукуваме кора која ја премачкуваме со мармалад мотаме ролат и вадиме мали штрудли. Со останатото тесто правиме кифлички наполнети со мармалад ако сакате можете да правите фигури и со делимано калапчињата.
Колачите ги печеме десет минути на 200степени во плех обложен со хартија.
Испечените колачи ги валкаме во шеќер во прав мелен во машинка за кафе заедно со лешник и една ванила.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани