Шприц колачи со мармалад
Барав некој рецепт за колачиња со шприц, за да си до пробам од Делимано (а да не е објавен) и случајно налетав на рецепт во Практичен кувар-1985.Како пробна варијанта се покажаа и рецептот и шприцот како феноменални...Вака оди постапката
Маргаринот (или путер) со шеќерот се ставаат во подлабок сад кој се става во друг поширок сад со топла вода. Се меша додека не се добие густа каша во која едно по едно се додаваат јајцата, постојано мешајќи. На крај се додава брашното и ванилата. Вака добиеното тесто се става во шприц и се прават колачи. Јас во дел од смесата ставив и екстракт од јагоди и какао. Се печат на температура од 150 степени 12-15 мин зависи колку сакате да бидат тврди. Потоа се мачкаат со мармалад, во мојов случај од црни сливи и се составуваат по две. За подетска верзија може и со еурокрем и така се убави
*мал совет забележав дека поубаво излегуваат и се лепат на тавата кога на неа нема хартија за печење туку е премачкан само со тенок слој маргарин
Епа варете по еден чај и нека е на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови