Шеќерот, маргаринот и ванилата се матат пенасто додека шеќерот се подрастопи. Потоа се додава јајцето и се мати убаво се додека шеќерот целосно не се стопи.
На крај се додава пецивото и брашното и се се измесува.
Ова беше оригиналниот рецепт кој го зедов од нет за да го опробам Делимано шприцот.
Гледајќи повеќе, избрав неколку, а овој прв како наједноставни и за проба. Главните правила за успешни шприц колачи кои ги прочитав беа.
1. За да се добијат успешни шприц колачи, битна работа е тестото, па дури и шприцот да се добро изладени и секако битна работа потоа верувам дека има и температурата на печење.
2. Многумина шприцот едвај и да го користат поради тоа што не можат да истиснат добри форми со него (велат, морале со нож да ги отсекуваат за да излезат, а така се разобликуваат колачите). Финтата била, да се истиснуваат на чист, неподмачкан плех-така добро се залепувале и истиснувале.
Јас наведените зклучоци секако веднаш си ги применив. Но, наидов на проблем. Тестото не беше доволно меко, така што шприцот не можеше да ги извади колачите. Е тука догаѓа моментот на спасување на ситуацијата и додавање на додатоците. Додадов малку млеко, сок од лимон, а пред тоа имав додадено и кора од лимон на еден дел, онака за да добијам 2 вкуса, за проба нели. Направив помеко тесто значи и потоа немаше проблем. Колку додадов, не знам, не бев во можност да мерам, но верувам дека во ваква ситуација секој добро ќе знае колку да додаде. А исто така во овој случај ладењето/чувањето во фрижидер отпадна.
Колачите се печат на 200С 10-12 мин.
Сепак ќе направите прва пробна со помалку колачи и ќе си видите. Треба да се внимава да останат светли. Додека се во рерната тие се се уште меки, но со ладењето стануваат вистински суви колачи. Уште една битна работа покрај советите погоре, додавам и мој заклучок.
Колачите кога ќе се извадат од рерна, се оставаат многу кратко да постојат, само додека се стврднат и тоа не целосно, а потоа веднаш со тенко ноже се одлепуваат, бидејќи во спротивно ќе имате голем проблем за да ги извадите.

Впечаток за колачите
Како јас си ги правев, така и јас прва си ги пробав и тоа секако додека се печеа другите, уште топли. Ах, си помислив, успеав да ги направам на изглед добри, но многу благи се некако. Домашните дојдоа покасно. Ги понудив и им се допаднаа. Хм... Однесов и во комшии. Другиот ден и тие ми доделија комплименти. Конечно пак посегнав по колачите. Овој пат вкусни и помалку благи. Е па, кога за прв пат ќе пробате да направите колачи со шприц, еве ви еден пробен рецепт, не многу сложен и со не многу состојки. Колачите ќе ги пробате најрано другиот ден за да ви бидат вкусни, за да не се разочарате како мене одма.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани