Испечати

Колачи со маст и мармалад

Колачи со маст и мармалад

Состојки

  • тесто
  • 200гр свинска маст
  • 3 лажици шеќер
  • 200гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1/2 прашок за пециво,малку сода бикарбона
  • 500гр-600гр брашно
  • за посипување
  • 200гр шеќер во прав
  • 50гр лешник во прав
  • 1 ванила
  • за полнење
  • 1/2 тегла мармалад од сливи(или по желба)

Подготовка

Подготовка
Маста ја матиме заедно со шеќерот. Во садот ја додаваме павлаката и јајцата повторно матиме. Во брашното го додаваме прашокот за пециво и содата и постепено додавајки замесуваме средно меко тесто. Тестото го оставаме два часа во фрижидер.

Од тестото расукуваме кора која ја премачкуваме со мармалад мотаме ролат и вадиме мали штрудли. Со останатото тесто правиме кифлички наполнети со мармалад ако сакате можете да правите фигури и со делимано калапчињата.
Колачите ги печеме десет минути на 200степени во плех обложен со хартија.
Испечените колачи ги валкаме во шеќер во прав мелен во машинка за кафе заедно со лешник и една ванила.
Добар апетит!!!