За пандишпанот, изматете ги убаво јајцата со шеќерот, ставете ја водата, продолжете со матење, па на крајот пополека ставете го брашното и какаото. Печете во правоаголна тава на 200 степени.
Испечениот пандишпан прелијте го со зовриениот шеќер со водата и румот.
За кремот, сварете го пудингот, па откако ќе се олади изматете го маргаринот со шеќерот и измешајте.
Глазурата се става одозгора (само да се стопи чоколадото со млекото и маргаринот).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови