Колач од пилешко бело месо
Пилешките гради исечете ги на тенки парчиња и исчукајте ги со чекан за месо. Додадате ја солта, вегетата, биберот и намачкајте ги со сенф.
Во сад измешајте ги состојките за фил. Во оваа смеса по желба можете да додадете и една рака грашок или кисели краставички.
Калапот во кој ќе се пече колачот(30х10) намачкајте го со малку масло и на дното и страните наредете ја сланината така што малку ќе виси над калапот.
Месото поделете го на три дела. Ставете го првиот дел, попрскајте го со малку масло, ставете половина од филот, потоа вториот дел од месото, попрскајте со масло, останатиот фил и на крај третиот дел од месото. Превиткајте ја сланината.
Ставете го да се пече на 180-200 степени околу 1 час и 15 мин или сами процените кога ќе биде печено во зависност од рерната.
Печениот колач превртете го во по поголемо плехче, оставете го малку да излади и сечете парчина.
Сервирајте го со прилог и салата по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Кога фотографираш на неонско светло, обиди се во подесувањата на камерата (мобилниот телефон) да го пронајдеш whitebalance и да одбереш fluorescent. Во таков случај нема фотографиите да ти бидат сини :)
Поздрав
E sega ke si gi smenam moite spageti so meleno meso peceni isto vaka vo kalpce za lepce....