Колач од пилешко бело месо
Состојки
- 2 парчина(1кг) пилешки гради
- 150-200 гр тенко сечена чадена сланина
- по потреба сол, вегета, бибер и сенф
- Фил
- 200 гр рендани моркови
- 120 гр рендан кашкавал
- 2 јајца
- 1 китка сецкан магдонос
Подготовка
Пилешките гради исечете ги на тенки парчиња и исчукајте ги со чекан за месо. Додадате ја солта, вегетата, биберот и намачкајте ги со сенф.
Во сад измешајте ги состојките за фил. Во оваа смеса по желба можете да додадете и една рака грашок или кисели краставички.
Калапот во кој ќе се пече колачот(30х10) намачкајте го со малку масло и на дното и страните наредете ја сланината така што малку ќе виси над калапот.
Месото поделете го на три дела. Ставете го првиот дел, попрскајте го со малку масло, ставете половина од филот, потоа вториот дел од месото, попрскајте со масло, останатиот фил и на крај третиот дел од месото. Превиткајте ја сланината.
Ставете го да се пече на 180-200 степени околу 1 час и 15 мин или сами процените кога ќе биде печено во зависност од рерната.
Печениот колач превртете го во по поголемо плехче, оставете го малку да излади и сечете парчина.
Сервирајте го со прилог и салата по желба.