Тесто
Најпрво се прави тестото каде сите состојки се мешаат и се замесува глатко тесто. Ова тесто се дели на 2 дела. Едниот дел се расплеснува во тепсивче бр28 или долго тепсивче, а другиот дел се ДЕЛИ на 2 дела и се замрзнува тестото да се стегне зошто треба да се ренда. Значи 1 големо топче и 2 мали топчиња.

Фил
Белките се бијат со шеќерот и кога ќе се добие густа пена со лажица се додава мармеладата и сечканите ореви.

Начин на спремање
Прво се плеска првото поголемото тесто во тепсијата,  се додава половина од филот, па врз него се ренда едното оладено топче-тесто, пак преостанатиот фил и најгоре другото тесто се ренда. Се печи во загреана релна 200Ц -30мин, додека да зарумени.

Колачот е вистинско уживање, во нова верзија на 21 век.
Пријатно!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови