Колач без име
Состојки
- Ако ви има досадено обичната Чупава Ката ,ова сигурно може да ви се допадне!!!
- Тесто*
- 5 жолчки
- 4 лажици шекер
- 250гр маргарин
- 400гр брашно
- половина пециво
- Фил*
- 5 белки
- 250гр шекер во прав
- 3 лажици мармелада од сливи или било што имате
- 150гр сечкани ореви
Подготовка
Тесто
Најпрво се прави тестото каде сите состојки се мешаат и се замесува глатко тесто. Ова тесто се дели на 2 дела. Едниот дел се расплеснува во тепсивче бр28 или долго тепсивче, а другиот дел се ДЕЛИ на 2 дела и се замрзнува тестото да се стегне зошто треба да се ренда. Значи 1 големо топче и 2 мали топчиња.
Фил
Белките се бијат со шеќерот и кога ќе се добие густа пена со лажица се додава мармеладата и сечканите ореви.
Начин на спремање
Прво се плеска првото поголемото тесто во тепсијата, се додава половина од филот, па врз него се ренда едното оладено топче-тесто, пак преостанатиот фил и најгоре другото тесто се ренда. Се печи во загреана релна 200Ц -30мин, додека да зарумени.
Колачот е вистинско уживање, во нова верзија на 21 век.
Пријатно!!!