Куба Либре е долг коктел кој бил креиран во чест на Куба и всушност името на коктелот значи Слободна Куба.
Куба Либре се сервира во висока и тенка чаша. Јас користев чаша од 300мл.
За да го подгответе коктелот ставете ги во чашата коцките мраз и двете парчиња лимон. Потоа додадете ги румот и исцедениот сок од лимон. Дополнете ја чашата со кока-кола и послужете го.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани