Тоблероне со кока кола, лешник и бадем
Многу вкусен и брз десерт. Од оваа доза излегува точно еден триаголник. Значи кога дозата би се дуплирала, ќе добиете 2 триаголници, односно околу 70 парчиња.
Подготовка:
1. На оган, на тивко, се ставаат чоколадото, маргаринот, кока колата, медот, шеќерот, да се соединат и да провријат 1-2 минути. Се тргаат од оган и се додаваат останатите состојки. Убаво се промешува и смесата се истура во триаголен, метален калап претходно обложен со фолија.
2. Се остава во фрижидер 2-3 часа да се стегне, се вади внимателно и се прелива прво со бела глазура и се прават шари со црна глазура. Се сече на парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови